Кениската атлетичарка Перес Јепчирчир постави нов светски рекорд во маратон, откако трката во Лондон ја заврши за два часа, 16 минути и 16 секунди.

Второто место на трката во главниот град на Англија, еден од најмасовните маратони на планетата, ѝ припадна на Тигст Асефи од Етиопија, додека третопласирана е Џојселин Џепкосгеи од Кенија.

И второпласираната и третопласираната ја завршија трката за помалку од два часа и 17 минути, што ги натера да ја завршат трката побрзо од претходниот светски рекорд поставен од Кенијката Мери Кеитани со време од 2 часа, 17 минути и една секунда. Тој рекорд беше на сила од 2017 година, а беше поставен исто така во Лондон.

Пред трката во машка и женска конкуренција, натпреварувачите му оддадоа почит на големиот шампион Келвин Киптум кој неодамна загина во сообраќајна несреќа во родната Кенија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.