Членот на Македонската академија на науките и уметностите доктор Сашко Кедев повторно се искачи на врвот на светот. Во информацијата за освојувањето на Анапурна проф. Кедев е запишан како учесник во експедицијата од Македонија.

Професорот и врвен светски кардиолог утрово се искачи на еден од десетте највисоки врвови на Хималаите и светот, Анапурна.

Ова е прва експедицијата во 2023 година што го освојува врвот Анапурна.

Професорот Кедев е дел од експедиција со 4 други планинари и 7 шерпаси, односно локални водичи.

,,Возбудени сме што можеме да ја споделиме веста дека 5 клиенти и 7 шерпи од Imagine Nepal стигнаа до врвот на планината Анапурна во 11:15 часот на 15 април 2023 година. Ова е првото освојување на врв во сезоната на планината над 8000 метри.
Честитки за тимот и враќање на безбедноста!”, пишува во официјалното соопштение за експедицијата.

Покрај Кедев се уште 4 планинари, од Кина Ванг Жонг, од Јапонија Наоки Ишикава, Марија Александра Данила од Романија и Надја Лиза Косо од Англија.

Анапурна е низа од планински врвови во Непал на венецот Хималаи, од кои највисокиот, Анапурна I, претставува еден од четиринаесетте планински врвови повисоки од 8000 метри, и со висина од 8091 метар е десеттата највисока планина на светот. Сместена е источно од големиот кањон на реката Кали Гандаки, кој го дели од масивот Даулагири.

Предходно професорот Кедев се искачи на сите највисоки врвови на сите светски континенти а во повеќе наврати се искачи на најтешките и највисоки врвови на Хималаите и со тоа на светот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.