Хокеарската репрезентација на Канада ќе игра во финалето на женскиот турнир на Олимпијадата во Пекинг. Канаѓанките во првото полуфинале ја победија селекцијата на Швајцарија со убедливи 10:3.

Победникот беше решен веќе по првата третина која заврши со 5:1, а во следните два периода Канада само ја потврди доминацијата (3:2 и 2:0).

Во второто полуфинале денес од 14:10 часот ќе се соочат репрезентациите на САД и на Финска.

Победникот од овој меч ќе игра со Канада за златото, додека поразените ќе се сретнат со Швајцарија во дуел за бронзениот медал.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.