Македонскиот тенисер, Калин Ивановски, се избори за пласман во четврт-финалето на јуниорскиот турнир на Вимблдон.

Местото меѓу осумте најдобри на јуниорскиот дел на најпрестижниот тениски турмит во светот, Ивановски го заслужи со победата против Литванецот, Едас Бутвилас со 2:1 по сетови (6:4, 5:7, 6:0).

Најнеизвесно на овој натпревар беше во средишницата на вториот сет кога Калин имаше водство од 3:1 и 4:2 во гемови, но Бутвилас успеа да направи пресврт и да го добие сетот во тај-брејк.

Затоа, пак, Ивановки во третиот сет „го истури бесот“ за загубената предност и дојде до триумф без загубен поен во одлучувачкиот сет.

Во четврт-финалето Ивановски ќе игра против победникот од дуелот меѓу Словенецот Бор Артнак и Шпанецот Педро Роденас.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.