Македонскиот тенисер Калин Ивановски запиша уште еден триумф на М15 Монастир 32 турнирот кој се одржува во Тунис.

Нашиот натпреварувач во полуфиналето го елиминираше вториот носител Сирил Вандермерш од Франција по пресврт со 2:1 во сетови.

Противник на Ивановски во борбата за титулата ќе биде Босанецот Азиз Кијаметовиќ кој двапати со 6:4 го совлада Крис ван Вик од Јужна Африка.

Ивановски кој има 18 години моментно е на 1074 место на АТП листата, а добрите резултати во Тунис сигурно ќе му донесат нов ранкинг скок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.