Надобриот тенисер од Македонија, Калин Ивановски, продолжи да се искачува на светската АТП листа и на најновото рангирање се наоѓа на 478 место.
За 18-годишниот Ивановски ова е најдобар ранкинг во кариерата и скок од 16 места во споредба со минатата недела.
Ивановски со 84 бодови е втора недела меѓу 500 најдобри тенисери во светот, откако минатиот понеделник за прв пат во кариерата беше рангиран на 494 место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.