Македонскиот тенисер Калин Ивановски победи на ИТФ Фјучерсот во Мадрид.

Македонецот во денешното финале беше поуспешен од Марк Вајтхаус (Велика Британија) со 2:0 во сетови.

Во првиот сет беше 6:4 за Иваносваки, а во вториот Британецот освои само два гема (6:2).

По освојување на турнирот во шпанската престолнина, Ивановски ќе напредува на АТП ранг-листата на која во моментов се наоѓа на 627. место со 45 поени. зс/

2022-12-04 15:45:59, од Зоран Стерјовски



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.