Новак и Јелена Ѓоковиќ се познати како пар кој детално се грижи за исхраната, а сопругата на најдобриот тенисер на светот често споделува совети за здрав живот, предлага вегански алтернативи и на социјалните мрежи објавува здрави рецепти. Јелена често истакнува дека и е многу важно намирниците што ги консумира да имаат хранлива вредност, да бидат квалитетни, но и вкусни.

Истовремено, сопругата на Ноле знае да каже дека е важно строго да се избегнуваат одредени намирници, а има и изјавено дека само еднаш во животот пробала кафе. За тој момент, Јелена кажа дека кафето воопшто не и се допаднало.

Не користам кофеин во ниедна форма. Ниту зелен чај. Можеби кафето не е порок за повеќето луѓе, но за мене порок е се што може да предизвика зависност од која не би можела да се ослободам. Никогаш не ми се допадна помислата да ја изгубам контролата над моето тело. Ако не користам кофеин, за да се опуштам, да го задржам фокусот и да останам будна, која е алтернативата? Истражував и добив многу добри идеи и предлози. Наместо кафе пијам чај од куркума“, изјави Јелена.

Таа додава дека токму редовното пиење чај од куркума многу и помага да остане во форма.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.