Капитенот на јапонската женска репрезентација во гимнастика, Шоко Мијата (19), се повлече од тимот за Олимписките игри во Париз, откако ги прекрши правилата поврзани со пушење и алкохол, соопшти денеска Јапонската гимнастичарска асоцијација (ЈГА).

Мијата во четвртокот го напушти тренинг кампот на репрезентацијата во Монако и се врати во Токио по истрагата која го потврди дека ги прекршила правилата.
Младата девојка признала дека во јуни еднаш испила алкохолен пијалак и запалила цигара откако се вратила во Токио од базата во Монако. Пушењето и пиењето се забранети во Јапонија за лица помлади од 20 години.

 Се извинуваме од сè срце за ова, рече претседателот на ЈГА Тадаши Фуџита, длабоко поклонувајќи се заедно со другите официјални лица, вклучувајќи го и тренерот на Мијата, Муцуми Харада.

Тренерот Харада изјави дека однесувањето на Мијата било непромислено, но и дека била под голем притисок пред ОИ.

 Деновите ги помина навистина оптоварена со толку голем притисок. Би ги замолил луѓето да го разберат тоа, рече тој, бришејќи ги солзите.

Мијата е актуелна јапонска шампионка. На Светското првенство во 2022 година во Ливерпул, таа освои бронза на греда и го освои петтото место во повеќебој.
Гимнастиката е еден од најпопуларните спортови на Летните игри и натпреварувањата ќе се одржуваат од 27 јули до 5 авгус



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.