Новак Ѓоковиќ пристигна на одмор во Дубровник, каде престојува со сопругата Јелена, синот Стефан и ќерката Тара на својата јахта наречена по ќерката.

Семејството Ѓоковиќ уживаше во аквапаркот на популарната плажа Копакабани во Дубровник.

Новак и Јелена си разменија нежности и бакнежи додека нивните деца си играа.

Српскиот тенисер одмара по Вимблдон. По финалето во Лондон дојде на Јадранот, а по Црна Гора пристигна и во Дубровник



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.