Македонскиот тенисер Калин Ивановски не се најде помеѓу четворицата најдобри тенисери на јуниорскиот дел од Грен слемот Вимблдон.
Македонецот попладнево загуби од Шпанецот Педро Роденас (Шпанија) со 2:1. Во меч што траеше два часа, Ивановски го доби првиот сет со 6:3, вториот го загуби на тај-брејк со 6:7 (5:7), а третиот со 4:6. Роденас во полуфиналето ќе се сретне со Хрватот Мили Пољичак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.