Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски продолжи да се искачува на АТП ранг-листата на која од денеска за прв пат во кариера се наоѓа меѓу најдобрите 500 тенисери.

Младиот 18-годишен Ивановски на најновата ранг-листа е позициониран на 494. место, напредувајќи за десет места во однос на претходното рангирање.

Ивановски изминатиот период настапи на четири фјучерс-турнири во Тунис, на кои два пати дојде до финалето.

Македонскиот тенисер поради повреда вчера го откажа настапот во финалето на турнирот во Монастир.

На врвот на АТП-листата и натаму е српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кому сега му недостига уште една недела на врвот да го израмни апсолутниот рекорд што го држи поранешната германска тенисерка Штефи Граф, која беше на чело на ВТА-листата 377 недели.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.