Кога го тренираш Новак Ѓоковиќ, сè друго освен освојување титула на кој било турнир е неуспех. Тоа е голем притисок за справување. Новак е многу „захтевен“. Секој ден треба да се случи нешто ново, тој секогаш сака да биде подобар. Ако не можете да се справите, подобро е воопшто да не ја преземате работата. Јазикот дефинитивно ми помогна – немавме бариера меѓу нас., вака Горан Иванишевиќ ја опишува соработката со Новак Ѓоковиќ.
Со Новак е вака: имаш само неколку секунди да му објасниш нешто. Потоа сака да открие 15 работи од вас одеднаш, но вие имате само три секунди да го направите тоа. Затоа, треба да се обидете да сумирате сè на некој паметен начин. Може да биде тешко, но се забавував со Новак – изјави Иванишевиќ за швајцарски Блик.
Поради Новак морал да пие апчиња
Секогаш имав добри апчиња за спиење. Не сериозно. Имате притисок секој ден во оваа индустрија. Но, јас бев сосема добро со тоа. Се навикнувате на околностите. Помогна тоа што двајцата доаѓаме од Балканот. Јас и Новак сме слични. Секогаш бев подготвен за неговите можни реакции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.