Македонската одбојкарска репрезентација претпладнево загуби од Италија со 3:0 на Медитеранските игри во Оран, Алжир.

Италија се покажа како пресилен противник за „црвено-жолтите“ добивајќи го мечот со максимални 3:0, по сетови 25:19, 25:16 и 25:23.

Ова беше втор пораз за Македонците на одбојкарскиот турнир на МИ. Претходно загубија од Египет, исто така со 3:0.

Од А-групата во следната фаза пласман обезбедија Италија со две победи и Египет со една.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.