Марко Бецеки беше најбрз на првиот тренинг пред историската трка на патеката Буда, а оваа сабота го постави и најбрзото време во квалификациите за првото индиско ГП во историјата.

Во апсолутна доминација на мотоциклите на Дукати, подобар од останатите беше Бецеки, кој со резултат 1:43.947 минути стигна до осмата пол-позиција во жешките квалификации пред практично, две трки што не очекуваат на 13. викенд во Мото ГП шампионатот.

Спринт трката ќе се вози во сабота д 14 часот, а во истиот термин во недела на програмата е главната трка.

Борбата за пол-позицијата ја одбележа падот на Алекс Маркез од неговиот Гресини Дукати, поради што Шпанецот се здоби со скршеница на ребро и за него овој тркачки викенд за жал заврши.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.