Индија планира да се кандидира за домаќин на Олимписките игри 2036 година, а својата кандидатура официјално ќе ја поднесе на следното заседание на Меѓунапрдниот олимписки комитет (МОК), што треба да се одржи во Мумбај кон крајот на идната година.

Индискиот министер за спорт, Анураг Такур, во изјава за весникот „Тајмс оф Индија“ вели дека „сега е вистинското време“ неговата земја да се кандидира за организација на најголемиот светски спортски настан.

Такур најави дека Индија би можела да биде кандидат со градот Ахмедабад, во Гуџарат, родната држава на премиерот Нарендра Моди, во која се наоѓа најголемиот стадион во светот, изграден во 2020 година. Стадионот, кој го носи името на индискиот премиер, има капацитет од 132.000 седишта.

Владата на Моди настојува од Индија да направи глобална спортска сила и вложува многу пари во националната инфраструктура.

Следните три Летни олимписки игри ќе се одржат во Париз (2024), Лос Анџелес (2028) и Бризбејн (2032).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.