Ватерполо репрезентациите на Хрватска и Шпанија ќе се борат за трофејот на Европското првенство.

Шпанија во првото полуфинале ја победи Италија со 7:4. Овој меч беше реприза на дуелот за бронзениот медал од минатото првенство. Алваро Гранадос и Фелипе Пероне беа најзаслужни за триумфот во една ваква тешка партија со по два гола.

Хрватите пред домашната публика ја победија Унгарија со 11:8.

Најефикасен кај Хрватска беше Јерко Мариниќ Крагиќ со три гола, а Лорен Фатовиќ додаде два.

Кај Унгарците со по три гола најдобри беа Винс Вигвари и Адам Наѓ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.