Холанѓанката Ирејн Вуст стана првиот учесник на некои зимски или летни Олимписки игри во историјата којшто освоил индивидуален златен медал на пет различни Олимпијади. До такво постигнување, Вуст дојде со победата на трката на 1.500 метри брзо лизгање во која постави нов олимписки рекорд од 1:23.58.
Својата легендарна олимписка кариера, Холанѓанката ја почна во Торино во 2006 година (3.000 метри), по што ја продолжи во Ванкувер 2010 (1.500), Сочи 2014 (3.000), Пјонгчанг 2018 (1.500) и сега во Пекинг. Таа беше членка и на холандската штафета која беше доминатна во тимски пурсјуит на Олимпијадата во Сочи.
Триесет и пет годишната Вуст се натпреварува на своите последни Олимписки игри, на кои ќе се натпреварува и на трката на 1.000 метри.
Холанѓанката имаше голема конкуренција во светската рекордерка, Михо Такаги од Јапонија, која до последниот круг имаше предност пред Вуст, но во финишот заостана половина секунда (1:53.72).
Сонародничката на Вуст, Ентоанет де Јонг ја освои бронзата со резултат 1:54.82.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.