Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, изјави дека развојот на Мерцедес се движи во вистинската насока и покрај неуспесите во 2022 година и почетокот на 2023 година.

 

– Не бев среќен последнава година. Но, чекорот што го направивме во Монако го придвижи развојот во насоката што ја барав. Постепено, ја враќаме довербата. Ова сè уште не е 100 отсто од нашиот капацитет. Сè уште не можам да го искористам мојот целосен потенцијал зад воланот на овој болид, но стигнуваме таму. Тоа само не ограничува. Нема стабилност, а со тоа и доверба во тоа што можете да направите со болидот на патеката. Минатата година ме видовте како удрам со автомобилот во Спилберг, а Џорџ исто така. Болидот беше многу непредвидлив долго време, но сега ситуацијата се подобрува, што е добра вест, изјави Хамилтон за „Sky Sports“.

 

Во тековната сезона, 38-годишниот Британец е четврти во поредокот со 106 бодови во девет етапи. Во водство е Холанѓанецот Макс Верстапен од Ред Бул (229 поени).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.