Возачите на Мерцедес и Ферари, Луис Хамилтон и Шарл Леклер се дисквалификувани по трката за Големата награда на САД одржана синоќа, објавено е на веб-страницата на Формула 1.

Болидите на Хамилтон и Леклер не успеаја да поминат технички прегледи по финишот. Таканаречените лизгачки даски под дното на автомобилите не ги почитувале прописите.

Ферари и Мерцедес го објаснија прекршувањето на правилата поради нерамна патека.

Во согласност со одлуката на судиите, Хамилтон го загуби второто место на крајот на трката, Леклер – шестото. По оваа одлука Ландо Норис се искачи на втората позиција, Карлос Сајнц стана третопласиран.

Победник на трката во Остин беше Макс Верстапен од Ред Бул.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.