Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој ја освои олимписката титула во тенис на Игрите во Париз, најави дека сака да учествува на следната Олимпијада, која ќе се одржи во 2028 година во Лос Анџелес.
Ѓоковиќ во олимпиското финале го совлада Шпанецот Карлос Алкараз со 7:6, 7:6 и на 37-годишна возраст стана највозрасниот победник на олимпискиот тениски турнир.
Сè уште сакам да одам во Лос Анџелес. Сакам да ја претставувам мојата земја на Олимпијадата и Дејвис купот. Да бидам искрен, не знам што ќе се случи во иднина, сакам да уживам во сегашниот момент“, изјави Ѓоковиќ.
Српската Влада донесе одлука да го награди Ѓоковиќ и неговиот тренер со 200.000 евра за освоеното олимписко злато.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.