Најтрофејниот и најдобриот светски тенисер во историјата, Србинот Новак Ѓоковиќ имаше необично славје по триумфот над Алексеј Попирин со 3:1 и пласманот во осминафиналето на Грен слемот во Вимблдон.

Српскиот тенисер се сврте кон делот од трибините каде седеше неговото семејство и започна на тенискиот рекет да „свири“виолина. Се испостави дека тоа била порака за неговата ќерка Тара.

„Тоа беше за Тара! Мојата Тара свири виолина веќе некое време, шест месеци, и тоа беше нашиот договор дека јас така ќе славам, ако победам“, објасни Ѓоковиќ.

Потоа зборуваше за прославите на другите спортисти кои му се допаѓаат.

“Болт! Роналдо и тоа “сиу”, ми се допаѓа и бранот на Агаси со бакнеж и кога се поклонува. Гуга на Ролан Гарос со срце, Цонга го имаше тој интересниот фудбалски, има интересни… Белингем, тој едноставно ги шири рацете, Алкараз го направи тоа, тоа е она што го направив на Ролан Гарос. Интересно и забавно е што можеме да го земеме од други спортови чувство, еве јас имам виолина“, рече Новак и додаде дека не е првпат ваква прослава да се види на неговите натпревари.

„Степанек беше првиот што го направи тоа, се шегував со него, тој ја имаше таа прослава, дури се сетивме кога играв против него во 2007 година на УС Опен во пет сета на некоја голема топлина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.