Новак Ѓоковиќ e вториот финалист на машкиот тениски турнир на Олимписките игри. Тој со 2:0 во сетови го совлада Италијанецот Лоренцо Музети. Со пласманот во финале Ѓоковиќ го обезбеди вториот медал за Србија на ОИ.
Ова е прво олимписко финале во кариерата на Ѓоковиќ, до сега најголемиот успех го имаше на Игрите во Пекинг во 2008 година кога дојде до бронзата.
Српскиот тенисер го освои првиот сет со 6:4, а во вториот беше уште поубедлив триумфирајќи со 6:2.
Противник на Ѓоковиќ во финалето за златниот медал ќе биде Шпанецот Карлос Алкараз кој претходно беше подобар од Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим.
Во мечот за бронзениот медал на Игрите во Париз ќе се сретнат Музети и Оже-Алијасим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.