Со победата над рускиот тенисер Андреј Рубљев, Новак Ѓоковиќ стана вториот финалист на АТП Мастерсот во Париз. По резултатскиот пресврт кој го направи српскиот тенисер, ќе игра за јубилејната 40-та титула на Мастерс турнирите во кариерата.

Ноле успеа да го совлада Андреј Рубљев по 180 минути игра со 5:7, 7:6 (3), 7:5 и да се пласира во финалето на Мастерсот во Париз. Тој во деветтото финале во Париз ќе игра против Григор Димитров, кој претходно во првото полуфинале ја потврди својата извонредна форма на крајот на сезоната и исто така во победа во три сета обезбеди пласман во финалниот меч.

Ѓоковиќ утре ќе се бори за седмиот пехар од турнирот во Париз, шести сезонава и вкупно 98. во кариерата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.