Српскиот тенисер и светски рекет број еден, Новак Ѓоковиќ, се пласираше во третото коло на АТП турнирот во Индијан Велс (САД). Во второто коло Ѓоковиќ го победи Австралиецот Александар Вукиќ во три сета – 6:2, 5:7, 6:3.

Противник на Ѓоковиќ во третото коло ќе биде Италијанецот Лука Нарди.

Слично како Ѓоковиќ, второто коло го мина и белоруската тенисерка, Арина Сабаленка. Таа славеше победа над Американката Пејтон Стернс со резултат 6:7 (2:7), 6:2, 7:6 (8:6). Мечот траеше 2 часа и 55 минути.

Во третото коло Сабаленка, која е втора на светската ранг-листа, ќе се сретне со Британката Ема Радукану.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.