Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, го победи Полјакот Хуберт Хуркач во меч од 3. коло на завршниот АТП турнир во Торино. Во меч што траеше 2 часа и 6 минути, Србинот славеше победа со 7:6 (7:1), 4:6 и 6:1.

Со овој триумф, 36-годишниот српски тенисер е на второто место во Зелената група, додека Хуркач е претпоследен. Ѓоковиќ ќе го чека епилогот од меч меѓу Јаник Синир и Холгер Руне за да знае дали ќе игра во полуфиналето.

Претходно, Италијанецот Јаник Синер стана првиот од оваа група, кој се пласира во плејофот на турнирот.

Награден фонд на турнирот изнесува 15 милиони долари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.