Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ, кој вчера го доби судскиот спор по жалбата за укинување на визата за Австралија, одржа тренинг на централниот терен на Австралија опен – „Род Лејвер Арена“.
Новинарот Бен Ротенберг пренесува дека за време на тренингот на Србинот, биле исклучени камерите кои вообичаено секогаш пренесувале во живо.
Во исто време, австралискиот канал „9News“ сепак доби снимка од тренингот направена со дрон.
JUST IN: Novak Djokovic hitting on Rod Laver Arena #AusOpen @wwos @9NewsAUS pic.twitter.com/dglLUnjfmE
— Clint Stanaway (@cstanaway) January 11, 2022
Во австралиските медиуми денес се појавија шпекулации дека Србинот се соочува со едногодишна затворска казна поради прикажување на лажни докази на суд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.