Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема да има можност да се натпреварува на Отвореното првенство на САД. Последниот текст на „Њујорк тајмс“ потврди Ју-ес опен нема да бара медицински исклучок од пропишаните регулативи за вакцинација.
Странски државјани во САД можат да влезат само со потврда за вакцинација. Ѓоковиќ не е вакциниран, поради што не настапи во Австралија, а потоа ги пропушти мастерсите во Индијан Велс и Мајами.
Според законот во САД, Ѓоковиќ „невакциниран странец“ и затоа не смее да влезе, што може да биде заобиколено со посебно ослободување.
Сепак, Тениската асоцијација на САД, под чие покровителство е Ју-есоОпен, за Ѓоковиќ нема да бара изземање од властите, објави „Њујорк тајмс“.
Ќе ги следиме прописите на владата и ЦДЦ, рече извршниот директор на Тениската асоцијација на САД, Лу Шер.
Српскиот тенисер, доколку нешто радикално не се смени во наредните два месеци, ќе остане без 1.200 поени, кои ги освои лани со пласманот во финалето, каде доживеа пораз од Данил Медведев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.