Германката Дениз Херман го освои златниот медал на Олимпијадата во Пекинг во индивидуална биатлон трка на 15 километри.
Херман до златото стигна со време 44:12.7 секунди.
Второто место и сребренито медал го освои Французинката Анаис Шевалие-Буше со 9,4 секунди побавно време од победничката.
Бронзениот медал и припадна на на Норвежанката Марта Олсбу Ројзеланд која трката ја заврши со 15,3 секунди послабо време од Херман.
Триесет и тригодишната Херман е освојувач на бронзен медал на Олимписките игри во 2014 година во скијачка штафета во крос-кантри. Покрај тоа, таа е светски шампион во биатлон во 2019 година во потера.
За германската репрезентација ова е втор златен медал на Олимписките игри во Пекинг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.