Трката од светскиот шампионат во Формула 1 во Саудиска Арабија ќе продолжи и покрај експлозијата во околината на Џеда, објави „Sky Sport“.

По вториот тренинг, раководството на Ф-1 одржа состанок на кој учествуваа пилоти, сопственици на тимови, како и претставници на Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) и властите во земјата.

Во текот на разговорот беше одлучено да продолжи трката за Големата награда на Саудиска Арабија, која ќе се вози од утре. Екипите едногласно ја одобрија намерата да се заврши викендот според планираниот распоред.

Дополнително, шефот на Мерцедес, Тото Волф, тврди дека на тимовите им била дадена можност да не учествуваат на трката.

Претходно беше објавено дека Гран при на Саудиска Арабија може да биде откажано поради вчерашниот ракетен напад врз Џеда. За време на првиот тренинг, едно складиште за нафта на лоцирано во Џеда беше погодено при ракетен напад. Одговорноста за нападот ја презедоа јеменските Хути.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.