Светскиот боксерски првак во тешка категорија во верзијата WBC, Британецот Тајсон Фјури, ќе инкасира повеќе од 100 милиони долари од двете борби кои му претстојат.
Фјури ќе се бори против Украинецот Александр Усик во дуел за обединување на титулата во тешка категоријата.
Борбата ќе се одржи во декември или јануари, а победникот ќе стане првиот боксер кој ги обединил сите титули во тешка категорија по Ленокс Луис во 1999 година.
Претходно Фјури ќе се бори против УФЦ шампионот Френсис Енгану на 28 овој месец, исто така, во Саудиска Арабија.
Еден од промоторите на Фјури, Боб Арум, потврди дека двете борби ќе му донесат огромна заработка на британскиот боксер.
„Боб Арум им рече на новинарите дека Тајсон Фјури ќе заработи многу повеќе од 100 милиони долари за двете борби во Саудиска Арабија против Енгану и Усик. Не ми е познат точниот износ, но тој значително надминува 100 милиони долари“, објави новинарот Мајкл Бенсон
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.