Хокеарите на Финска се пласираа во финалето на Зимските олимписки игри во Пекинг, откако ја совладаа Словачка со 2:0 (1:0, 0:0, 1:0).
Финска поведе со голот на Сакари Манинен во првата третина и предноста ја чуваше до завршницата, кога Хари Песонен стави печат на триумфот и пласманот во финалето.
За Финска ова е трето финале во историјата на ЗОИ, а во досегашните две учества беа поразени (1998, 2006).
Во второто полуфинале играат Русија и Шведска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.