Дваесеткратниот грен-слем победник Роже Федерер размислува за напуштање на тенисот.
Сакам да победувам, но ако веќе немате желба да се натпреварувате, тогаш најдобро е навистина да престанете. Мислам дека повеќе не ми треба тенис. Подготвен сум да ги прославам малите нешта, како кога син ми прави нешто како што треба или кога ќерка ми се враќа од училиште со добра оценка. Тенисот е голем дел од мене, но не е се од мене. Сакам да останам успешен, но тоа може да се постигне и надвор од спортот – изјави Федерер за „Algemeen Dagblad“.
Последниот турнир на кој учествуваше 40-годишниот Швјацарец беше Вимблдон минатата година.
Претходно, Федерер за прв пат во кариерата испадна од АТП-листата. Ова се случи од причина што 40-годишниот спортист не играше на ниту еден рејтинг турнир во изминатите 52 недели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.