Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Ролан Гарос совладувајќи го Франциско Серундола со резултат 3:2 (6:1, 5:7, 3:6, 7:5, 6:3). .
Иако успеа да победи по нереален пресврт, неговата повреда на коленото ги загрижи сите, а Новак зборуваше за тоа по мечот и дополнително ги загрижи своите навивачи.
Ѓоковиќ го откажа тренингот на Ролан Гарос за да ги направи лекарските прегледи.
Сеуште е неизвесен неговиот настап. Во 15 часот ќе оди на магнетна резонанца, од исходот на резултатите ќе ја донесе конечната одлука.
Се надеваме дека повредата не е од сериозна природа, па доколку успее да го продолжи турнирот, Новак во четвртфиналето ќе игра против Каспер Руд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.