Данскиот возач на Хас, Кевин Магнусен, ќе стартува од првата позиција во спринт трката за Големата награда на Бразил која во рамки на Светското првенство во Формула 1 ќе се вози денеска во Сао Паоло.
Магнусен на големо изненадување оствари најдобро време во вчерашните квалификации, искористувајќи ги временските услови кои се влошија при крајот.
И за Магнусен, и за неговата екипа Хас, ова е прва пол – позиција во историјата.
Од второто место ќе стартува светскиот првак, Холанѓанецот Макс Ферстапен (Ред Бул), а од третото британскиот возач Џорџ Расел (Мерцедес).
Редоследот на денешната спринтерска трка воедно ќе бидат и стартни позиции за „вистинската“ трка за Големата награда на Бразил, која ќе се вози в недела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.