Новак Ѓоковиќ е казнет од Вимблдон затоа што го скрши рекетот во финалето против Карлос Алкараз и ја погоди во стативата за поддршка на мрежата.
На крајот од мечот, големиот навивач на Новак, Милан, кој го следи на секој Грен слем, го праша за тој скршен рекет како спомен, а Ноле му го даде и го фрли на трибините.
„Дејли Мејл“ направи приказна со експерт за оценување на спортски реквизити, кој смета дека тој скршен рекет веднаш добил голема вредност.
Адам Гаскојн, извршен директор на „Graham Budd Auctions“, куќа која ја проценува вредноста на спортските реквизити, изјави за Daily Mail дека моментално цената на скршениот рекет се проценува меѓу 3.000 и 4.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.