Австралиското Министерство за внатрешни работи на 1 јануари го известило Новак Ѓоковиќ дека ги исполнува критериумите за влез без вакцинација поради прележан ковид-19 во декември.  Објавени се судските документи во случајот Ѓоковиќ кому Австралија му ја поништи визата за учество на првиот тениски гренд слем во Мелбурн.

Според судските документи, Ѓоковиќ бил позитивен на корона на 16 декември, а две недели подоцна немал никакви симптоми.

Неговите адвокати ги поднеле и документите од двете независни медицински тела кои по анонимизирано барање му дозволиле медицинско изземање од правилото за задолжителна вакцинација. Адвокатите на Ѓоковиќ навеле и дека австралиското МВР на 1 јануари го известило најдобриот светски тенисер дека е прифатено неговото барање и дека ги исполнува критериумите за влез во државата Викторија без обврска за задолжителна вакцинација поради исполнетите услови на комисијата за имунизација.

Ѓоковиќ тврди дека врз основа на своите документи има три основи за жалба.

Овие документи за првпат откриваат дека Ѓоковиќ бил заразен по вторпат (првпат имаше корона во јуни 2020-та). За разлика од тогаш, новото заразување не беше објавено во јавноста.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.