Русија го освои златото во уметничко лизгање во тимска конкуренција, но доделувањето на медалите е одложено поради „легален проблем“, соопштија од Меѓунарониот олимписки комитет.

Церемонијата за доделување на медалите на која Русија треба да го добие златото, САД среброто и Јапонија бронзата, првично беше закажана за вторникот вечерта, но не се одржа.

Портпаролот на Меѓународниот олимписки комитет, Марк Адамс, соопшти дека одложувањето е поради „легална консултација“ побарана од светската лисгачка федерација.

Има спортисти кои освоија медали, а кои се зафатени со консултациите. Сите прават се што е можно за ситуацијата да биде решена што е можно поскоро. Но, како што знаете, легалните прашања некогаш може да се оддолжат – изјави Адамс.

Доколку некој спортист или репрезентација бидат дисквалификувани, постои можност за жалба на Судот за спортска арбитража.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.