Продолжува доминацијата на Дарио Ивановски на „ХалкЕко Скопје трча“ на 10 километри, кој по шести пат успеа да слави и да постави нов рекорд.

Нашиот атлетичар трката ја мина со време од 29:42 минути, на второто место се најде Џастин Фриман, со време од 32:03, а третото место му припадна на Атанас Анчевски со време од 32:36. Кај дамите, триумф на Билјана Кираџиева, со 37:48 минути, второто место го освои Mиљана Ристиќ со 41:27 минути и на третото место заврши Весна Кираџиева со 43:18 минути.

Оваа година на веќе традиционалната трка „Скопје трча“ учествуваа 1.300 натпреварувачи, а е во организација на Сојузот на спортови на Скопје и атлетскиот клуб Работнички, под покровителство на Град Скопје и Агенцијата за млади и спорт.

Пред 6 години, се јави потреба, поради преголема заинтересираност, да се организира и оваа трка, која е во склоп на Скопски Маратон. „Скопје трча“ почна како локална, а многу брзо прерасна во меѓународна трка. Со оваа трка, исто и како со другите кои се дел од Скопски маратон, секоја година докажуваме дека нашата земја има активно, спортско население. Ја користам оваа прилика да ги поздравам сите учесници на трката, а на оние најдобрите им честитам за постигнатите резултати, изјави Гордана Николовска од Сојуз на Спортови на Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.