Единствен носител на македонското знаме на отварањето на Зимските олимписки игри Пекинг 2022 ќе биде Дардан Дехари.

Беше планирано на Дехари друштво да му прави Ана Цветановска, но таа поради близок контакт со својот тренер Борче Јованоски (два пати позитивен на ковид 19), нема да може да го носи македонското знаме. Во целата ситуација е добро тоа што Цветановска беше негативна на двата теста, па ќе настапи на спортската програма според планот.

Доколку има два последователни негативни теста, со посебно одобрение, Борче Јованоски ќе може веднаш од специјализираниот ковид-хотел да се врати во Олимпиското село во Пекинг.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.