Новак Ѓоковиќ во моментов го игра полуфиналниот меч на Австралија опен. Забележително дека во неговиот бокс е и докторката Маријана Ковачевиќ, која со Новак отпатува во Мелбурн за да го реши проблемот со задниот дел на левата нога кој долго време го мачи.

По моите третмани, мускулот е сосема нов. Нема трага од претходна повреда. Бидејќи мускулот е потполно нов – нема лузни, сенки, фиброза, нема можност за повторување на повредата, тоа е втората точка од револуционерната метода. На крајот од терапијата се прави скенирање за да се потврди тоа. Значи, поентата е да се постигне целосна регенерација на мускулите -.вели Маријана.

 

Тука е мајkата Дијана, брат Марко, но не и таткото Срѓан поради тоа што беше фотографиран со руски навивач кој носеше маица со ликот на Путин.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.