Четири лица загинаа, а неколку се повредени денеска кога возило кое учествувало на рели трка во Унгарија излетало од патот и налетало на гледачите, соопштија унгарските власти.

Полицијата соопшти дека загинале четири лица, а најмалку седум лица се повредени. Несреќата се случила меѓу градовите Лабатлан ​​и Бајот на северот на Унгарија.

Засега не е познато зошто возилото излетало од патот и налетало на гледачите.

На местото на несреќата се испратени амбулантни возила и неколку спасувачки хеликоптери.

Релито беше прекинато по несреќата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.