Џошуа Чептеги од Уганда ја одбрани титулата светски првак на 10.000 метри, До триумфот, Чептеги дојде со долг финиш во последните 400 метри на трката.

Со време од 27:27, 43 минути, 25-годишниот Чептеги постигна најдобар личен резултат оваа сезона и го додаде третото злато во својата колекција во која има и титула олимписки првак на 5.000 метри од Игрите во Токио 2021.

На трката на 10.000 метри на Светското првенство кое се одржува во Јуџин, Орегон, сребрениот медал го освои Стенли Мубуру од Кенија (27:27, 90), додека третото место и бронзата му припадна на сонародникот на Чептеги, Џејкоб Киплима (27:27, 97).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.