Изминатиот викенд на стазата крај Серес , Грција се одржаа првите две трки од БМУ Европскиот шампионат на кој настапи нашиот најтрофеен натпреварувач . Христијан Бузалковски со две победи во саботната и неделната трка го почна походот кон одбраната на титулата:

 Сезоната започна на најдобар начин, остваривме две победи во првите две трки и со тоа го започнавме походот кон одбраната на титулата! Можам да кажам дека сум задоволен од тоа како се одвиваше целиот викенд, моторот работеше перфектно и се беше како што треба! Огромна благодарност до моите спонзори агенцијата за млади и спорт и федерацијата! Продолжуваме со уште појака подготовка за наредната трка, која ќе се одржи за нешто помалку од еден месец.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.