Норвежанецот Јоханес Тингнес Бо стана олимписки шампион на траката од 10 километари биатлон на Зимските олимписки игри во Пекинг.

Норвежанецот до златниот медал стигна на убедлив начин со време 24:00.4 минути.

Второто место го зазеде Французинот Квентин Фијон Меје со 25,5 секунди побавно време зад победникот (24:25.9).

Трет на трката заврши повозрасниот брат на победникот, Тарјеи Бо, кој до бронзениот медал дојде со заостанување од 38,9 секунди (24:39.3).

Со ваквиот расплет на трката, браќата Бо го удвоија бројот на своите освоени медали, откако претходно беа дел од норвешката мешана штафета што го освои златото.

По победата на Јоханес Тингнес Бо во биатлон, Норвешка се изедначи на врвот на листата на медалисти со германската репрезентација со по седум златни медали.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.