Германската тениска легенда, Борис Бекер е прогласен за виновен за четири обвиненија, а ослободен за дополнителни 20 обвиненија околу неговото банкротирање во 2017 година и ќе треба да се врати пред судот во Саутворк, Лондон за одредување на казната на 29 април.

Бекер е виновен за прикривање на долг, прикривање на имот и за две обвинувања за непријавување имот. Германецот банкротираше на 27 јуни 2017 за неплатен долг од 3 милиони фунти за неговата вила на Мајорка, по што беше обвинет дека прикривал милиони фунти во имот и во поседи, како двата трофеи од Вимблдон за да избегне да ги плати своите долгови.

Бекер, кој живее во Велика Британија од 2012 година, тврдеше дека соработувал со доверителите и дека постапувал по совети на експерти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.