Поранешниот двократен светски шампион во бокс во тешка категорија, Ентони Џошуа, го победи поранешниот шампион на УФЦ, Френсис Нгану. Британецот на меч одржан во Ријад, Саудиска Арабија, го нокаутираше ривалот од Камерун.
Борбата заврши во втората рунда. Камерунецот долго време не можеше да застане на нозе по страшниот нокаут. Тој се подигна од подот дури откако му беше укажана лекарска помош.
Сега 34-годишниот Џошуа има 28 победи и три порази во професионалниот бокс.
За 37-годишниот Нгану ова беше втора боксерска борба. И двете ги заврши со пораз. Во октомври 2023 година, Камерунецот загуби на поени од Британецот Тајсон Фјури.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.