Биљана Кираџева со време од 10 минути и 56 секунди победи на овогодинешното издание на Авицена Женска трка која е долга три километри. Второто место ѝ припадна на Рената Соколовска (11,20 минути), а на третото место се пласираше Фросина Михајловска (11,30 минути).

Трката, која е посветена на жените, денеска се одржа по 11. пат, со над 3.000 учеснички, што е нов рекорд на натпреварувачки.

Со денешната 11-та Авицена Женска трка, со поставен рекорд од 3.000 учеснички, жените покажаа дека се грижат за себе, своето тело и здравје. Исклучително сум среќна што оваа трка од година во година привлекува сѐ поголем број натпреварувачки. Ги поканувам сите заинтересирани да се пријават и земат учество на трките во наредниот период, а секако ги чекаме и наредната година на 12. издание на Авицена Женската трка, изјави Гордана Кузмановска Николовска од Сојузот на спортови на Скопје.

Стартот и целта на трката беа на булеварот „Илинден“ кај фонтаната „Лотос“.

Доделени беа и признанија за најбрзите во седум возрасни категории. По доделувањето на наградите следуваше лотарија со извлекување на стартни броеви и најсреќните добија подароци од партнерите на трката.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.