Ски-скокачите на Австрија го освоија златниот медал во тимска конкуренција на големата скокалница на Олипмијадата во Пекинг.
Иако по првата серија во водство беше репрезентацијата на Словенија со девет бодови предност, во втората серија Австријците имаа подобри скокови и на крајот заслужено се најдоа на првото место.
Златото на Австрија и го донесоа Стефан Крафт, Даниел Хубер, Јан Херл и Мануел Фетнер.
Резултати на трите првопласирани селекции:
1. Австрија 942,7 бодови
2. Словенија 934,4
3. Германија 922,9 бода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.