Проблемите на најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, се најде во центарот на интересирањето на светската јавност откако австралиските власти не му дозволија да влезе во земјата и го ставија во азилантски притвор, иако српскиот тенисер имаше документи од Австралиската тениска федерација и од организаторите на Австралија Опен дека ги исполнува условите за исклучок од вакцинацијата.

Откако Ѓоковиќ беше задржан од австралиските власти, тој добива голем број пораки за поддршка, а една таква стигна и од еден од најдобрите австралиски кошаркари во историјата и поранешна ѕвезда во НБА лигата, Ендрју Богут.

Богут свпојот револт кон властите на неговата земја го искажа на Твотер.

Кога ќе ја видите ситуацијата со Новак, сфаќате дека нашата земја е преполна со глупави политичари кои не би можеле да орагнизираат ниту с*кс во јавна куќа – напиша поранешниот НБА шампион.

Истовремено, Богут, на чист српски јазик, испрати поддршка за фановите на Ѓоковиќ, коишто се собраа пред хотелот каде што е затворен за да му изразат поддршка на српскиот тенисер.

Удри појако – порача Богут, споделувајќи снимка од српските навивачи собрани пред „затворот“ на Новак.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.